Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Анализа и прогноза на Васоски за првото коло од групата Б

Анализа и прогноза на Васоски за првото коло од групата Б

Синоќа на отварањето на ЕУРО 2020, стартуваме со анализа и предлози, од поранешни македонски фудбалери и репрезентативци. Прв стартуваше Панче Ќумбев и тоа успешно за мечот Турција – Италија, а денес е редот на Александар Васоски. Поранешниот македонски репрезентативец и сега тренер на Академија Пандев е задолжен за групата Б, па да ги погледнеме неговите предлози за оваа група од првото коло.

Да потсетиме, Ќумбев ќе ги прогнозира групите А, Ц и Е, додека останатите три групи – Б, Д и Ф ќе ги анализира и прогнозира Александар Васовски.

Група Б:  Данска – Финска ( време: 18:00 ч.)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со оглед на пријателските натпревари што ги одиграа двете селекции и со оглед на тоа што Данска во последно време игра доста модерен и атрактивен фудбал, додека од друга страна Финска е дебитант на Европско Првенство, јас и давам предност на Данска. Данска ја победи Австрија со 4:0, има доста солиден тим и мислам дека ќе го добие овој натпревар. Но мое мислење е дека како за први натпревари овде ќе се игра малце покалкулантски, претпазливо и дека нема да има повеќе од два гола. Мое мислење е дека Данска ќе победи но со тесен резултат, 1:0, 2:0, иако може да биде и нерешено 0:0.

ТИП: Данска – Финска – 1 @ 1.45 во Bet365

Данска – Финска – 0-2 @ 1.74 во Bet365

Се за ЕУРО 2021 на едно место, домаќини, групи, распоред, најава, анализа, очекувања, предлог типови, ковид протоколи, правила, рестрикции

Група Б: Белгија – Русија ( време: 21:00 ч.)

Формата, екипата и многу други работи говорат дека Белгија ќе победи на овој натпревар. Малце се хендикепирано, бидејќи незнам колку еден од клучните играчи ќе биде подготвен – Де Брујне, меѓутоа во името на Лукаку и останатите репрезентативци од светска класа, мислам дека ќе извојуваат победа.

Русија не е за потценување, на минатото Светско Првенство Русија испадна на пенали од Хрватска во втората фаза, така да очекувам тешка победа на Белгија во овој прв натпревар.

ТИП: Белгија – Русија – 1 @ 1.93 во Bet365

Денес прв натпревар на програтама е мечот е мечот Велс – Швајцарија кој е во рамки на групата А. Предлогот на Панче Ќумбев може да го погледнете на линкот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…