Агенцијата за млади и спорт најостро го осуди однесувањето на навивачките групи и поединци, за време на натпреварот меѓу Шкендија и Пелистер.
„Искажуваме безрезервна поддршка на ФФМ за доследно и целосно почитување и спроведување на актите, пропозициите и меѓународните препораки и конвенции за спречување на насилно и недолично однесување на спортските терени, како услов и гаранција за учество на наши екипи и репрезентации во меѓународниот спортски систем“, се вели во соопштението на АМС.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Агенцијата апелира и до сите надлежни тела да го расветлат овој настан кој ги „подгрева етничките тензии на и вон спортските терени“.