Дома Македонски спорт АМС го награди европскиот шампион Бесир Алили со еден милион денари

АМС го награди европскиот шампион Бесир Алили со еден милион денари

Бесар Алили кој стана европски шампион во категоријата слбооден стил до 48 килограми вчера се врати во Скопје каде што беше пречекан на плоштадот „Скендербег“.

Денес Алили беше на прием во Агенцијата за млади и спорт каде што се сретна со претседателот Дарко Каевски кој на својот Фејсбук профил објави дека агенцијата го наградува Алили со еден милион денари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Во мое име и во името на Агенцијата за млади и спорт имав чест да му честитам на златното момче Бесир Алили кој се врати со златен медал од Европското Првенство за кадети во Фиренца, Италија.

Драго ми е што Бесир е дел од програмата при АМС за млади спортски надежи која што секојдневно стручно ги следи 30 тина индивидуални спортисти од Олимписките спортови и ги поддржува да партиципираат на големи натпреварувања како ова Европско првенство.
Бесир за овој голем подвиг ќе биде награден еднократнo од страна на Агенцијата за млади и спорт со 1 милион денари.

Во наредниот период, очекувам нашиот Бесир да тренира напорно, и да ги слуша советите на неговиот тренер и со максимална посветеност еден ден да ги наследи големите имиња кои претставувале основа и придонеле во развојот на борењето во нашата држава“, стои во објавата на Кевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …