Дома Останати Кошарка Американците демонстрираа моќ пред повеќе од 50.000 гледачи (ВИДЕО)

Американците демонстрираа моќ пред повеќе од 50.000 гледачи (ВИДЕО)

Кошаркарската репрезентација на САД ја победи Австралија со 102:86 во вториот припремен натпревар за Мундобаскетот.

На „Марвел“ стадионот во Австралија присутни беа 51.000 гледачи, а САД порака дека и во ваков состав има и тоа како голем квалитет.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Австралија во финишот од првото полувреме успеа да се врати во живот после 31:42 во корист на САД, дури и во 21-та минута направија пресврт на 45:44. Одговорот на Американците беше брз – 13:0 во серија во наредните три минути!

Потоа прашањето на победникот не се поставуваше, а максималната предност на САД изнесуваше 20 поени – 73:93 на три минути пред крајот.

Американците беа многу подобри во два елементи – шут за два поени 28:55, наспроти домаќините 17:42 и скокови 54:36.

Кошаркарите на Австралија забележаа 24 асистенции во 29 погодени шута, додека кај САД односот беше 18:41.

https://youtu.be/zq3PrL7v-w4
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Продолжува да блеска: Димитријевиќ со ново големо достигнување во ВТБ лигата!

Денеска во првиот натпревар од плеј-офот во четвртфиналето на ВТБ лигата кошаркарите на Ун…