Дома Останати Кошарка Американците во финишот ги „скршија“ Бразилците, познати сите парови за четвртфиналето

Американците во финишот ги „скршија“ Бразилците, познати сите парови за четвртфиналето

Со победата против Бразил селекцијата на САД го обезбеди првото место во групата К.

Пулените на Грег Попович се мачеа со искусните Бразилци во првите 20 минути, но во третата четвртина успеаа да превземат контрола и на крајот да слават со резултат 89:73.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се држеа Бразилците во првото полувреме, првата четвртина ја добија Американците со 21:18.

После неколку минути во втората четвртина, Бразил остана без селектор откако хрватскиот стратег Ацо Петровиќ заработи втора техничка грешка и со самото тоа исклучување.

Петровиќ не успеа да се воздржи и беше бесен кога во една прилика Варежао не доби фаул. Во тој момент тој влезе на паркетот и се расправаше со судиите и Донован Мичел после тоа мораше да се упати кон соблекувалната.

Се држеа неговите пулени до крајот на полувреме кое селекцијата на САД го доби со 43:39.

Во третата четвртина Американците успеаа да ја зголемат предност и овој период го завршија со +11. После тој период предноста на Бразил само растеше и Бразилците.

Американците беа предводени од Мајлс Тарнер (8 скокови) и Кемба Вокер (5 асистенции) со по 16 поени, ги следе Браун со 11 и Барнс со 10.

Кај Бразил Бените беше најефикасен со 21, 14 додаде Леандрињо Барбоса.

Со оваа победа на САД се формирани и сите четврфинални парови.

Аргентина – Србија

САД – Франција

Шпанија – Полска

Австралија – Чешка

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Генијалноста на Анчелоти која го одведе Реал до полуфиналето во ЛШ без два стартни стопери и двата први голмани

Карло Анчелоти, го предводеше својот клуб до полуфиналето на Лигата на шампионите и дуел п…