Челниците на Ал Хилал од Саудиска Арабија спремија богата понуда за ѕвездата на Барселона, Рафиња.
Одличните игри на Ламин Јамал на десната страна на нападот значеа дека минутажата на Рафиња драстично се намали.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поради тоа Барселона е спремна да го продаде и сака да заработи на неговото заминување на лето.
Интерес за Бразилецот покажуваат и клубови од Премиер лигата, но Ал Хилал е спремен да ја победи конкуренцијата со понуда која не се одбива.
Самиот фудбалер би имал многу подобри услови во новата средина отколку што има во сегашниот клуб. Имено, саудискиот клуб му нуди тројно повисока плата од актуелната.