Дома Фудбал Останато Ал-Наср му нуди 60 милиони евра годишно на Зидан

Ал-Наср му нуди 60 милиони евра годишно на Зидан

Саудискиот клуб Ал-Наср, направи „бум“ со доведувањето на Кристиано Роналдо, но не сака тука да застане.

Клубот сака да доведе нови ѕвезди во тимот, но и истакнато тренерско име, а најголема желба е ЗинединЗидан.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ал Наср достави богата понуда до поранешниот тренер на Реал Мадрид. Зидан доколку се согласи да седне на клупата ќе заработува 60 милиони евра по сезона.

Намерата на клубот е повторно да ги обедини Роналдо и Зидан, а Французинот се уште не дал одговор на оваа понуда.

Во моментот, Хрватот Динко Јеличиќ е на кормилото на тимот како привремено решение по отказот за Руди Гарсија. Ал-Наср е второпласиран на табелата во Саудиска Арабија со три бода заостанување зад лидерот Ал-Итихад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Објавени коефициентите: Ѓоковиќ не е најголем фаворит за Ролан Гарос

Нajдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се подготвува за Мастерсот во Рим и Ролан Гарос, …