Дома Фудбал Останато Ал Келаифи: Не преговаравме со Зидан, избравме нов тренер

Ал Келаифи: Не преговаравме со Зидан, избравме нов тренер

Претседателот на Пари Сент Жермен, Насер Ал Келаифи денес пред медиумите зборуваше за новиот тренер и идните планови на клубот.

Иако многу се шпекулираше дека прва желба на „светците“ е Зинедин Зидан, сепак Ал Келаифи тврди дека тие воопшто не го контактирале Французинот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Зинедин Зидан? Ќе ви кажам дека никогаш не разговаравме со него, директно или индиректно. Многу клубови се заинтересирани за него, но и некои репрезентации, но ние не разговаравме за негов ангажман. Избравме друга опција, тренер кој ќе биде најдобар за нашиот план“, изјави Ал Келаифи.

Тој потврди дека изборот падна на Галтие и дека клубот преговара со Ница за обештетувањето на тренерот.

 Галтие? Сонот е едно нешто, а реалноста сосема друго. Убаво е да се сонува за големи работи, но денеска мораме да бидеме реални. Не сакаме повеќе блескаво шоу и рефлектори. Сакаме реалност. Разговараме со Ница, тоа не е тајна. Се надеваме на брз договор“, заклучи претседателот на ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …