Вардар во четврток го игра најважниот натпревар оваа сезона, против Веспрем во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Стратегот на „црвено-црните“ Стевче Алушовски признава декаВеспрем е фаворот, но сепак Вардар ќе се обиде да низненади. Во септември веќе еднаш играа Вардар и Веспрем, но Алушовски тврди дека овој Вардар е поинаков од тој кога тогаш загуби со 35:27.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„До натпреварот имаме уште два тренинзи. Веспрем е тим кој играше на Ф4 и фаворити се против нас, но сигурно дека ние нема да се предадеме. Во финалето на СЕХА Игравме против нив и таму останавме должни на нашите навивачи. Мислам дека овој Вардар е многу подобар од тој во септември. Ќе го дадеме максимумот и се надеваме дека тоа ќе биде доволно“, изјави Алушовски.
Во осминафиналето се играат стандардно два натпревари, после првиот тука, вториот се игра на 8. април во Унгарија.
Фото: РК Вардар