На последниот ден од 2019 година Вардар официјално го промовираше Стевче Алушовски за нов тренер и за прв пат после подолго време Македонец ќе ги води црвено-црните, меѓутоа Алушовски не бил прв избор.
Во сезоната Вардар влезе со Давид Писонеро како тренер, меѓутоа после неколку натпревари клубот изненадувачки го замени Писонеро со Едуард Кокшаров, додека Шпанецот остана во клубот како негов помошник.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
После завршувањето на првиот дел од сезоната Писонеро ја раскина соработката и си замина. За шпанските медиуми сега Писонеро открива дека пред да си замине добил понуда да се врати на кормилото на Вардар.
„Пред да си дојдам Вардар ми понуди да бидам прв тренер. Ми кажаа дека така се договориле, меѓутоа јас не сакав повеќе да разговараме. Ја одбив понудата затоа што таква ситуација ми немаше смисла. Имам договор со Вардар, но јас бев одлучен во намерата да ја прекинам соработката“, изјави Писонеро за шпанскиот весник „Диарио де Ваљадолид“.