Дома Македонски спорт Мак ракомет Алушовски: Кај Нексе одиме со 13 играчи и 3 голмани, но ќе се обидеме да бидеме победници

Алушовски: Кај Нексе одиме со 13 играчи и 3 голмани, но ќе се обидеме да бидеме победници

Утре тимот на Вардар ќе игра натпревар против Нексе во рамките од СЕХА лигата.

Натпреварот со Нексе доаѓа во незгоден момент поради ЕХФ репрезентативната недела, сепак секако Вардар нема да излезе со бело знаме, порача стратегот Стевче Алушовски.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Тоа ќе биде меч што доаѓа во незгоден момент. Во ЕХФ репрезентативната недела имавме само 7 играчи и два голмани, и не можевме многу да работиме на тренинг. Имаме проблеми со повредени играчи: Стоилов, Валчак, Димитриоски, Јотиќ. Ќе бидеме со редуциран состав и одиме кај Нексе. Начинот на игра на Нексе не е сменет, променето е смао начин на транзиција, мали детали во прашање. Анализиравме и знаеме што е добро. Поразлично е дека помалку играат 7 на 6 со новиот трнер. Ние сме подготвени на се што не чека. Ќе одиме со 13 играчи и 3 голмани и ќе се обидеме да се вратиме како победници“, изјави Алушовски.

Нексе и Вардар играат утре во терминот од 17:00 часот.

Фото: Денис Дуковски/РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …