Раководсвото на Ливерпул работи на продолжување на соработката со двајца од најважните фудбалери на тимот, голманот Алисон и дефанзивецот Вирџил ван Дајк.
„Индепендент“ пренесува дека преговорите се започнати и дека Алисон и Ван Дајк ќе стават потпис на новите договори до крајот на актуелната сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Двајцата се исклучително важни алки во тимот на европскиот шампион и поради тоа Ливерпул сака да им понуди долгорични договори, кои ќе бидат со подобри финансиски услови.
Двајцата одлично се чувствуваат на „Енфилд“ и веќе дале согласнот за продолжување на соработката.
Актуелниот договор на 28-годишниот Ван Дајк истекува во 2023 година, додека Алисон има договор со „црвените“ до 2024 година.