Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Алиоски раскажа за инцидентот со Арнаутовиќ: Дојде во соблекувална и ми се извини

Алиоски раскажа за инцидентот со Арнаутовиќ: Дојде во соблекувална и ми се извини

Инцидентот кој го направи Марко Арнаутовиќ веднаш откако постигна гол крена голема „прашина“ во спортската јавност.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Медиумите открија дека Арнаутовиќ на национална основа го навредувал Алиоски, на што ФФМ остро реагираше и побара најстрога казна од УЕФА.

Македонскиот репрезентативец Алиоски објасни дека ги разјаснил сите нејаснотии со Арнаутовиќ по мечот, бидејќи напаѓачот влегол во соблекувалната на Македонија и се извинил за прекумерната реакција.

„Не можев да го слушнам што викаше бидејќи публиката славеше во тој момент. По натпреварот зборувавме и се смиривме. По мечот дојде во нашата соблекувална, ми подаде рака и ми се извини. Арнаутовиќ дојде како пријател, зборувавме на германски и се разбравме на крајот“, вели Алиоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Нема никој да го препознае: Игуаин се појави во издание какво никогаш не сме го виделе (Фото)

Многу во лето 2022 година беше изненадена одлуката на Гонсало Игуаин, кој на тој начин ја …