Дома Фудбал Англија Алиоски: Морам подобро да играм во одбраната, не е важно кој постигнува голови

Алиоски: Морам подобро да играм во одбраната, не е важно кој постигнува голови

Македонскиот фудбалер Езгјан Алиоски вчера беше стрелец за Лидс во победата од 5:0 против тимот на ВБА.

Џани до својот втор гол во Премиер лигата стигна со погодокот за водство од 0:2 кога натрча на една одбиена топка и со силен удар ја испрати во мрежата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Цело време сакам да учам од мојот тренер, сакам да ја искористам секоја шанса која ја добивам. Знам дека во нападот сме силни, можам и јас да напаѓам затоа што сум крило. Сепак, морам подобро да играм во одбраната и истовремено да одам во напад“.

„Играме атрактивен фудбал и напаѓаме, па во таков случај головите сами доаѓаат. Тоа најдобро се виде против ВБА. Не е само еден кој постигнува голови, ова беше важно за нас, сакавме да ги освоиме трите бода и да ја завршиме годината со победа, среќни сме што успеавме во тоа“, изјави Алиоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…