Дома Фудбал Алиоски играч на колото во петтото коло од квалификациите за СП

Алиоски играч на колото во петтото коло од квалификациите за СП

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски е избран за најдобар играч во петтото коло од квалификациите за Светското првенство.

Алиоски беше одличен во натпреварот во кој Македонија одигра 2:2 против Исланд, иако имавме предност од 0:2. Популарниот Џани беше стрелец на вториот гол за Македонија во второт ополувреме.

Зад Алиоски на второто место е голманот на Швајцарија, Јан Зомер кој беше одличен на голот против актуелните европски шампиони, Италија. Третата позиција му припадна на Микола Шапаренко од Украина кој беше стрелец против Франција (1:1).

Фото: ФФМ/Петр Стојановски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…