Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски на лето најверојатно ќе го напушти Лидс и веќе е во потрага по нов клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Договорот на Алиоски со Лидс истекува на крајот на сезоната, а преговорите за продолжување на соработката пропаднале.
Според последните информации од Англија, Алиоски веќе им најавил на неговите агенти да му бараат нов клуб.
Алиоски во неколку наврати истакна дека негов приоритет е останување во Лидс, но очигледно двете страни не можат да најдат заеднички јазик.
Македонскиот репрезентативец е стандарден првотимец во Лидс, а со оглед на фактот дека ќе биде слободен агент, сигурно нема да му биде тешко да си најде нов клуб.