Репрезентативецот на Македонија Езгјан Алиоски според информациите на турските медиуми веќе одбил една понуда од Турција и тоа од Трабзонспор.
Во последно време Алиоски се поврзува со трансфер во редовите на Галатасарај. Неговиот договор со Лидс завршува и засега нема најави за продолжиување. Трабзонспор се обидел да влезе во посериозни преговори затоа што не би требало да плаќа оштета, но Алиоски ја одбил нивната понуда.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Турскиот клуб на Алиоски му понудил плата од 1.1 милион евра по сезона меѓутоа Џани кажал „не“.
Ќе потсетиме пред два дена беше објавено дека Алиоски веќе сериозно преговара со Галатасарај и преговорите одат во добра насока, па можеби тоа е причината за одбивањето на понудата од Трабзон.