Во понеделник Лидс во рамките од ФА Купот ќе игра против Арсенал, на прес-конференцијата пред овој натпревар зборуваше и македонскиот фудбалер Езгјан Алиоски.
Алиоски го спомена поразот на Манчестер Јунајтед во дербито против Аренал во кое според него „црвените ѓаволи“ биле слаби, па поради тоа тој ја гледа шансата на неговиот Лидс да ги изненади „топџиите“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Имав можност да го гледам дербито помеѓу Арсенал и Јунајтед. Арсенал заслужено победи, но противникот беше многу слаб. Верувам дека можеме да го победиме Арсенал. Во куповите секогаш има изненадувања и ние се надеваме“, изјави Алиоски.