Дома Фудбал Англија Алексис Санчез – Дали тој е најлошата проценка во историјата на Манчестер Јунајтед?

Алексис Санчез – Дали тој е најлошата проценка во историјата на Манчестер Јунајтед?

Мурињо има големи проблеми во Манчестер Јунајтед како со резултатите, така и со односот со Пол Погба, а работите дополнително се влошија после поразот од второлигашот Дерби Каунти во Лига купот.

Уште еден во низата проблеми со кои се соочува Мурињо е – Алексис Санчез! Во вчерашниот натпревар остана на клупата за резерви, Мурињо одмараше многу играчи. Чилеанецот кога ќе добие шанса игра солидно.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Креативен е, никој не создал повеќе прилики од него во тимот и во тој дел одработува добра работа. Но, за играч од негов ранг не е доволно.

„Забележав дека е многу негативен, ќе биде тешко да се врати на старото ниво, доколку продолжи вака. Не му помога ниту Мурињо со неговиот одбранбен стил“, изјави Хозе Суланти, тренерот на Санчез во репрезентацијата на Чиле до 20 години.

Минатиот јанаури излезе книгата на новинарот Рафаел Бушман во која помеѓу останатото има и детали од договорот на Санчез, а според тие детали Санчез заработува 391.000 фунти неделно кога ќе се собере неговата плата и спонзорите, а има и разни бонуси, од започнат натпревар, до гол и асистенција.

Тука се доаѓа дека Санчез е најплатениот фудбалер во Англија!

На Мурињо кога го доведуваше не му беше важно колку ќе го плати само Чилеанецот да не заигра за Сити.

Но, очекувањата од него беа да биде клучен играч, не неговата игра да се опишува со зборовите „одигра солидно“.

Санчез за скоро една година, постигна само три гола во Јунајтед, покрај лошата форма тука се и годините наскоро ќе наполни 30, а до крајот на неговиот до Јунајтед има уште четири години!

Дали ова е најлошата проценка на Јунајтед во историјата на клубот?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…