Александар Васоски не е повеќе тренер на Вардар откако реши да си замине после последниот натпревар од полусезоната.
Васоски го изгуби трпението и го напушти клубот поради кризата која се уште е актуелна и во овој момент не се знае што ќе се случува со најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според информациите до кои дојде Спортски.мк, Васоски од следниот месец ќе седне на кормилото на Академија Пандев.
Се очекува наскоро Акдемија Пандев да го потврди именувањето на Васоски за нов тренер на клубот.
Со оглед на финансиската ситуација во Вардар се очекува неколку фудбалери да го напуштат клубот, а Васоски ќе повлече некои фудбалери со себе во Струмица.