Како што стојат работите, Масимилијано Алегри на крајот од сезоната ќе го напушти Јувентус. Италијанскиот стратег не ги оправда очекувањата и не дојде до титулата во Серија А.
Навивачите очекуваат промена, а се најавува дека Јувентус има договор со Тијаго Мота кој прави чуда со Болоња.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новинарите сега го запрашаа самиот Алегри да ги коментира ваквите најави.
„Не би ги коментирал таквите шпекулации. Моја цел е на Јувентус да му обезбедам место во Лигата на шампионите. Клубот ќе одлучува што понатаму“, изјави Алегри.