Дома Топ вести Алегри сака да го врати Пјаниќ во Јувентус

Алегри сака да го врати Пјаниќ во Јувентус

Каталонските медиуми пренесуваат дека Миралем Пјаниќ на крајот на сезоната ќе ја напушти Барселона.

Босанскиот плејмејкер е во втор план на кај тренерот Куман и често ја грее клупата за резерви, па и самиот сака да ја промени средината.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Медиумите изминатите недели го поврзуваа Пјаниќ со неколку клубови, а сега се шпекулира со евентуално враќање во Јувентус.

Имено, Јувентус сака да го врати Пјаниќ во Торино и остварил контакт со Барселона, која е спремна да го пушти 30-годишниот плејмејкер.

Масимилиано Алегри имаше одлична соработка со Пјаниќ и сака повторно да го има во својот тим, па му порачал на раководството да се обидат да го вратат Босанецот во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Готово: Покетино повеќе не е тренер на Челзи

Маурисио Покетино повеќе не е менаџер на Челзи, пренесе доброинформираниот новинар Фабрици…