Дома Фудбал Италија Алегри: Сакам да останам во Јувентус, но тоа не зависи од мене

Алегри: Сакам да останам во Јувентус, но тоа не зависи од мене

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри проговори за својата иднина на кормилото на „бјанконерите“.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Јувентус има турбулентна сезона, не освои ниту еден трофеј, а сега ја чека казната и може да остане без пласман во Лигата на шампиони.

Веќе подолго време се шпекулира дека Алегри може да биде заменет на крајот на сезоната, а сега тој потврди дека сака да остане.

„Имам уште две години од договорот со клубот и 100% останувам ако се прашувам јас. Но, јас одлучувам за себе, не можам да носам одлуки за други, менаџментот ќе одлучи на крајот“, изјави Алегри.

„Не можам да знам што мислат другите, јас го знам само мојот избор. Факт е дека наша задача на теренот е да обезбедиме пласман во Топ 4, а со победа против Емполи тоа и теоретски ќе биде потврдено“, додаде Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ФИФА сака 64 земји на Светското првенство во 2030! Постои една причин…

Претстојното Светско првенство брои 48 учесници, но тука не завршуваат проширувањата. Најг…