Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри смета дека притисокот несомнено е на страната на Тотенхем.
Јувентус и Тотенхем одиграа 2:2 во Торино, а реваншот е утре во Лондон и Алегри истакнува дека притисокот е на страната на домашните.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Не знам како ќе игра Тотенхем, но со оглед на резултатот од првиот меч, на нивна страна е притисокот бидејќи се фаворити. Ова за нас е како финале, но мораме да одиграме далеку подобро од првиот меч“, истакна Алгери и додаде:
„Ќе има утре повеќе простор во нападот, но треба да бидеме внимателни во одбраната. Мораме да имаме и поголем посед, но нема да биде лесно“.
Алегри истакна дека утре ќе играат и Игуаин и Дибала, а мечот дефинитивно ќе го пропушти Манџукиќ.