Дома Топ вести Алегри на „Олд Трафорд“ носи две ѕвезди на Јувентус

Алегри на „Олд Трафорд“ носи две ѕвезди на Јувентус

Манчестер Јунајтед можеби го бележи најлошиот старт во новата клупска историја, а на најголем удар на критики е менаџерот Оле Гунер Солскјер.

„Црвените ѓаволи“ играат очаен фудбал и тешко е да се верува дека Норвежанецот ќе остане до крајот на својот тригодишен договор на „Олд Трафорд“ кој го потпиша во март оваа година.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Близок извор до таборот на Манчестер Јунајтед, откри дека прашање е само на денови кога трофејниот италијански стручњак, Масимилијано Алегри, и официјално ќе биде претставен за нов менаџер на „црвените ѓаволи“.

„Дејли Мејл“ пренесува дека Алегри веќе се подготвува да дојде во Манчестер,  па одлучил за свој помошник на „Олд Трафорд“ да го земе Патрис Евра, кој одлично го познава клубот.

Притоа, Италијанецот со себе на „Олд Трафорд“ може да доведе двајца играчи на Јувентус кои одлично ги познава. Првиот е Марио Манџукиќ, кој наводно веќе има договор со „црвените ѓаволи“, а вториот е Емер Чан, кој е на излезна врата од Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Артета носи големо засилување во борбата за титулата

Арсенал е силно заинтересиран за играчот на Реал и турскиот талент, Арда Гулер, прене…