Дома Фудбал Италија Алегри: Интер е најсилниот тим во лигата

Алегри: Интер е најсилниот тим во лигата

Утре во Италија ќе се игра големото дерби помеѓу Интер и Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јувентус во овој натпревар влегува во серија од четири победи во низа во Серија А и сигурно сакаат да ја искористат добрата форма за позитивен резултат. На прес-конференцијата пред натпреварот зборуваше тренерот Алегри.

„Со заминувањето на Роналдо сите добија слобода играат за гол. Интер е цврста екипа и ќе мора да покажеме желба за борба. Не само пред овој натпревар, секогаш на момците им зборувам дека треба да се борат за секоја топка. Некогаш правиме грешки, но тоа е поради невнимание“.

Лукаку го напушти Интер пред почетокот на сезоната, а Џеко одлично го замени.

„Џеко е играч кој знае да игра фудбал и Интер создаде еден одличен тандем со Лаутаро. Интер има многу одлични поединци и затоа мислам дека го имаат најсилниот состав во лигата“, изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Meси вечерва може да го урне големиот рекорд на Клосе!

По победите во првите дуели, фудбалските репрезентации на Аргентина и Австрија ќе се сооча…