Дома Фудбал Италија Алегри бара промена на правилото: Не може да се поништува гол поради коса

Алегри бара промена на правилото: Не може да се поништува гол поради коса

Јувентус вчера ја победи Фиорентина во Серија А и овој натпревар беше одлучен со голот на Адриен Рабио во 34-тата минута.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На натпреварот во Торино видовме два постигнати гола, по еден на двете страни. За Јувентус беше поништен голот на Влаховиќ во 59-тата минута, а за Фиорентина голот на Кастровили во 90-тата.

Поништениот гол на Јувентус донесе реакција кај тренерот Алегри кој порача дека не може гол да се поништува поради коса.

„Мислам дека не е во ред да поништуваме голови кога косата е во офсајд. Тогаш треба сите да ја имаме мојата фризура“, изјави Алегри.

Во медиумите се појавија и шпекулации дека ФИФА работи на овој проблем, а ќе видиме дали правилото и понатаму ќе остане такво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Meси може да направи уште еден подвиг каков што нема никој друг претходно!

Финалето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Шпанија не само што ќе го одреди новиот…