Во ПСЖ и понатаму се борат со испонување на условите на финансискиот фер-плеј, па јасно е дека ова лето неколку фудбалери ќе морат да го напуштат „Паркот на принцовите“.
Новиот тренер на ПСЖ, Томас Тухел наводно одлучил дека искусниот десен бек, Дани Алвеш нема да му биде потребен, па Бразилецот е еден од оние чие име се најде на трансфер листата на Парижаните. Според пишувањата на „Diario SPORT“, ПСЖ веќе го понудил Алвеш на Севиља, клубот во кој го започна своето патување кон ѕвездите и во кој доживеа целосна афирмација.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Потсетуваме, Дани Алвеш во 2002. година пристигна во Севиља од бразилска Баија, а токму Севиља го продаде на Барселона за околу 35 милиони евра. Главното прашање е дали Алвеш ќе се вклопи во плановите на новиот тренер на Севиља, Мачина и проектот на спортскиот директор, Капарос, па тие двајца ќе го имаат последниот збор кога станува збор за потенцијалното враќање на 35-годишниот Бразилец.
Сепак, споменатиот извор пренесува дека ПСЖ нема да го „избрка“ Алвеш од клубот по секоја цена поради пријателските односи со првата ѕвезда на тимот, Нејмар.