Фудбалерот на Барселона, Дани Алвеш повеќе би се одлучил за Килијан Мбапе отколку за Ерлинг Халанд.
Во овој момент Мбапе и Халанд се најскапите фудбалери на трансфер пазарот и според најавите големи се шансите двајцата да ги променат клубовите на лето. Мбапе многу се поврзува со Реал Мадрид, додека за Халанд има повеќе клубови во игра, меѓу кои е и Барселона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според Алвеш, Мбапе е подобар и тој не би дал преголема сума на пари за Мбапе.
„Не би дал многу пари за Халанд, искрено не би потрошил многу пари за него. За Мбапе да, но не и за Халанд. Ако јас бев спортски директор мојата прва цел ќе беше Мбапе кој е покомплетен во сите аспекти. Во овој момент нема подобар од Мбапе, освен тоа одлично би се вклопил и во стилот на Барселона“, изјави Алвеш.