Бразилецот Дани Алвес кој оваа зима се врати во Барселона смета дека Меси не е среќен во Париз.
Меси во ПСЖ пристигна минатото лето како слободен играч откако Барселона беше погодена од тешка финансиска криза, меѓутоа во Париз Аргентинецот е далеку од формата со која со години ги бранеше боите на Барселона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Ако мене ме прашувате дали Меси е среќен во Париз одговорот е „не“. Таму е изгубен! Меси секогаш ми зборуваше – каде би бил посреќен од Барселона? Јас сум доказ за тоа – нема подобро место од Брселона. Поради некои причини Лео не е денес тука со нас, но се надевам еден ден ќе се врати затоа што овој клуб е негов дом“, изјави Алвес.
Дани Алвес во кариерата го носеше и дресот на ПСЖ две години, а играше уште за: Бахија, Севиља, Јувентус и Сао Паоло.