Дома Фудбал Репрезентации Алвес: Ако ние изгубевме сите ќе бевме виновни, во Аргентина виновник е само Меси

Алвес: Ако ние изгубевме сите ќе бевме виновни, во Аргентина виновник е само Меси

Лионел Меси оваа година не успеа да ја одведе својата репрезентација до поголем успех.

Аргентина беше поразена од Бразил во полуфиналето на Копа Америка.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вчера во Бело Хоризонте, Бразил ги победи „Гаучосите“ со головите на Габриел Хесус и Роберто Фирмино и така дојде до финалето континенталното првенство.

Меси така пропушти уште една шанса да дојде до слава во репрезентативниот дрес, а асот на Барса после натпреварот имаше што да каже на сметка на судењето.

„Се надевам дека Конмебол ќе направи нешто, но искрено не верувам дека ќе има ништо затоаш то Бразил управува со се и ситуацијата е многу комплицирана. Во текот на целиот натпревар судијата го фаворизираше Бразил. Сите ситуации кои не беа „чисти“ ги досуди за нив, а потоа тука беа и пеналите над Агуеро и Отаменди“.

„Веројатно се уморија од досудување пенали во текот на целиот турнир и денес воопшто не одеа да го погледнат ВАР во очигледни ситуации. Бразил е домаќин и денес управува со Конмебол. Не го кажувам ова како оправдување бидејќи денес не одигравме лошо. Меѓутоа тоа е реалноста и морам да го кажам, не се почитува нашата работа“, гласеше изјавата на Меси после натпреварот.

После поразот Меси одново се најде на мета на критики, но неговиот вчерашен ривал, Дани Алвес застана во негова одбрана.

„Да се биде најдобар играч во светот е многу тешко. Ако ние изгубевме целиот тим ќе беше виновен, но во Аргентина виновникот е Меси. Жал ми е што е во таква ситуација“, изјави Алвес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…