Репрезентативецот на Албанија со потекло од Куманово, Таулант Сефери испрати провокација до Србите пред клучните натпревари во квалификациите за Европското првенство.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Двете репрезентации се пред пласман на континенталниот шампионат, а Сефери кој е роден во Куманово и кариерата ја започна во нашата земја би сакал игра против Србија.
„Сакам Србија да биде во нашата група на Европското првенство за да покажеме дека сме подобри. Верувам дека може да ги победиме со 3:0, 4:0 или 5:0“, изјави Сефери.
Сефери е фудбалер кој првите чекори во професионалниот фудбал ги направи во Работнички на 16 години и настапуваше за младинските селекции на Македонија, но со презимето Сулејманов. Исто така во 2014 година одигра и два пријателски натпревари за сениорската репрезентација на Македонија.
Кога ја напушти Македонија замина да игра за Јанг Бојс, Волен, Винтертур и Ксамакс и во 2021 година се пресели во Тирана прво како позајмен фудбалер, потоа во преманентен трансфер. За националниот тим на Албанија на официјален натпревар дебитираше во 2019 година.