Во текот на вчерашниот ден пристигна разочарувачка вест за љубителите на боксот, Тајсон Фјури ја откажа најавената борба против Олександар Усик.
Борбата треба да се случи на 17-ти февруари, меѓутоа до истатата нема да дојде поради повреда на Фјури на еден од тренинзите. Фјури смета дека исекотината на аркадата која ја заработил може да влијае на неговиот перформанс.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Се шпекулираше дека на местото на Фјури може да дојде друг боксер, но организаторите одлучија најавениот спектакл целосно да биде откажан.
Сега е познато и кој е виновникот за ваквиот развоја на настаните. Тоа е Агрон Смакиќ, хрватски боксер кој има потекло од Албанија. Тој беше спаринг партнер на Фјури и со годините ги подготвува најдобрите светски боксери. На неговиот профил може да се види дека тренирал и со Ентони Џошуа.
Најверојатно во намера за што подобро да го подготви Фјури и претерал. Низ јавноста се појавија теории на заговор дека тоа намерно го направил за неговиот пријател Филип Хрговиќ да се бори против Усик, но такво нешто нема да се случи.