Дома Трансфер зона Аларм во Мадрид поради договорот на Винисиус

Аларм во Мадрид поради договорот на Винисиус

Шпанските медиуми пишуваат дека во Реал Мадрид е вклучен алармот поради актуелниот договор на 22-годишниот Винисиус Жуниор.

Имено, крилнот напаѓач кој со својот гол го одлучи минатогодишното финале во Лигата на шампионите се уште е под договорот кој го потпиша кога во 2018-та година дојде од Фламенго.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неговото доаѓање Реал го договори претхопдно, а на еден од најголемите бразилски клубови му исплатија 45 милиони евра оштета. Поради законите и прописите во Шпанија се чекаше да наполни 18 години и без проблеми да може да биде дел од „кралевите“.

Со Реал тогаш Бразилецот потпиша договор на шест години и тоа значи дека од јануари 2024 година тој може слободно да преговара со други клубови. Реал сака да избегне таква ситуација, но договор се уште не е постигнат.

Ако ја продолжи соработката тогаш е јасно дека ќе добие значително поголема плата од сегашните три милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…