Дома Фудбал Аларм во Атлетик, шест лица се позитивни на коронавирус

Аларм во Атлетик, шест лица се позитивни на коронавирус

Атлетик Билбао соопшти дека скринингот во клубот открил дека шестима членови се позитивни на коронавирусот, без да нагласи колку се фудбалери, а колку други лица.

Според протоколот издаден од Ла Лига, сите тимови кои ги почнуваат подготовките за новата сезона мора да направат скрининг во рамките на клубот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Меѓу резултатите од тестирањата има шест позитивни, кои веќе се наоѓаат изолирани во своите домови каде ќе останат се додека не им биде направен нов ПЦР тест наредната недела. Случаите се пријавени до надлежните здравствени власти“, стои во клупското соопштение.

Баскискиот клуб не откри колку од позитивните се фудбалери, а колку останати вработени кои се грижат за тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вакво нешто во Серија А не се случило повеќе од половина век

Интер вчера со победата против Милан го потврди Скудетото кое го освои заслужено по сезона…