Дома Фудбал Алавес објави дека има 15 заразени

Алавес објави дека има 15 заразени

Шпанскиот прволигаш Алавес денес потврди дека има 15 луѓе од клубот кои се позитивни на коронавирус.

Тројца од нив се фудбалери од првиот тим. Од клубот потврдија дека сите се чувствуваат добро и немаат симптоми.

Клубот реши да направи тест за сите вработени за да бидат запознаени со сите случаи и заразените да бидат испратени во карантин.

Имињата на тројцата фудбалери не се објавуваат, а седуммина од заразените се членови на стручниот штаб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси не забавува ни на 39: Со мајсторија донесе пресврт и второ место за Интер Мајами

Аргентинецот асистираше, па погоди во 83. минута за победа од 2:1 кај Њу Ингланд. Сезонава…