Дома Фудбал Алавес во дербито подобар од Лас Палмас

Алавес во дербито подобар од Лас Палмас

Беше ова дуел на два тима кои се трудат да излезат од дното, во кое се закопаа во текот на сезоната, а како победник на крајот илзезе Алавес кој славеше со 2:0.

Иако Лас Палмас беше тој кој доминираше во поседот, домашните добро ги искористија своите неколку шанси, а вистинската ја реализираа во 23. минута.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Водството на Алавес му го донесе Ибаи, за во 55. минута двојната предност да ја донесе Ел Хадади, што воедно беше и последниот гол на мечот.

Алавес по овој триумф ја зазеде 18. позиција во Ла Лига, додека Лас Палмас е една позиција подоле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…