Дома Трансфер зона Алаба се сели во Мадрид, познато колку ќе плати Реал

Алаба се сели во Мадрид, познато колку ќе плати Реал

Давид Алаба после цели 13 години ќе го напушти Баерн Минхен на крајот на сезоната како слободен агент.

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо објави дека 28-годишниот играч се договорил со Реал Мадрид, а шпански „АБЦ“ ги објави деталите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Алаба за четиригодишен договор ќе добива неделна плата од 190.000 евра, но и бонус за потпис на договор од неверојатни 20 милиони евра.

Алаба е поливалентен играч и може да игра во одбраната и во средниот ред, па Реал Мадрид го одреди како приоритет неговото доаѓање на „Сантиаго Бернабеу“.

Алаба ќе пристигне без обештетување, но „кралевите“ ќе платат 20 милиони евра провизија на неговиот агент Пини Захави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…