Шпанецот на крајот на сезоната ќе ја напушти клупата од Ѓер и ќе го води тимот на Ростов во следните две години, беше и официјално повтрдено на сајтот на унгарскиот и европски првак
„Моето срце ми велеше да останам, но мојот ум го одбиваше тоа. Ја направив најтешката одлука во мојот живот. Во минатите шест години поминав многу со клубот, играчи, фановите, но почувствував дека е време за промена. Се разбира дека ваквата одлука не ја намалува нашата амбиција да ја одбраниме титулата европски првак.“ – изјави Амброш.