Усман Дембеле летово постојано се поврзуваше со трансфер во француски ПСЖ, а сега клубот предводен од Луис Енрике одлучи да ја активира откупната клаузула за овој играч.
ПСЖ одлучи да ја активира откупната клаузула на Усман Дембеле откако не успеа да го донесе Бредли Баркол од Лион.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шампионот на Франција понуди 30 милиони евра за 20-годишниот Французин, а бидејќи не е голема разликата во трошоците што би ги повлекол трансферот на Усман Дембеле, решиле да се обидат да го доведат фудбалерот на Барселона, пренесува новинарот Фабрицио Романо.
Иако ПСЖ е подготвен да плати 50 милиони евра за да го доведе Дембеле, неговата преселба на Паркот на принцовите се уште е далеку од завршена.
Се зависи од волјата на играчот, кој се очекува да даде одговор и да се изјасни каде сака да ја продолжи кариерата – да остане во Барселона или да оди во ПСЖ.
Усман Дембеле има само една година од договорот со Барселона и Каталонците повеќе би сакале да го продадат ова лето доколку тој не сака да го продолжи договорот.
Во ПСЖ очекуваат брз одговор од поранешниот играч на Борусија Дортмунд бидејќи од 1 август откупната клаузула се удвојува.
Доколку Дембеле се пресели во ПСЖ за 50 милиони евра, интересно е што само половина од таа сума ќе и припадне на Барселона, а половина на агентот на играчот.
Интересот за Дембеле е јасен знак дека ПСЖ официјално не смета на услугите на Килијан Мбапе, кој беше исклучен од тимот поради одбивањето на продолжување на соработката и тој најверојатно ќе го напушти клубот.
Ousmane Dembélé story only depends on the player, very clear. 🔵🔴🇫🇷
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 30, 2023
PSG pushing to activate €50m release clause after OL rejected €30m bid for Bradley Barcola…
…and it’s up to Ousmane. Join PSG this summer or extend with Barcelona. https://t.co/yQadGWZK42