Дома Фудбал Италија „Ако толку го сака тоа проклето Скудето дајте му го! Кој може да мисли на фудбал сега!?“

„Ако толку го сака тоа проклето Скудето дајте му го! Кој може да мисли на фудбал сега!?“

Претседателот на Бреша, Масимо Челино тврди дека сезоната во Серија А е завршена и дека нема смисла да се продолжува.

Свесен во каков хаос е цела Италија, Челино смета дека сезоната треба да се заврши и дека повќе никој не треба да чека продолжување. Во Италија починаа повеќе од 4000 луѓе, а бројката од ден во ден е се поголема.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Немојте да бидете луди, како може сезоната да се продолжи? Јас не мислам веќе на оваа, тоа е тоа. Купот на Италија, Скудетото…Ако претседателот на Лацио, Клаудио Лотито толку сака да игра дајте му ја титулата. Како може во ваква ситуација да зборува за фудбал и титулата, на кого сега му е гајле за тоа? Во овој момент фудбалот не ме интересира“, изјави првиот човек на Бреша.

Бреша и Бергамо се двата града кои се најмногу погодени од пандемијата во Италија .

„Цело време добивам вести од Бреша и неверојатно е, но градот и државата во овој момент се соочуваат со голема трагедија. Голем број луѓе имаат роднини и пријатели кои умираат и болката ја трпат во тишина. Животот е на прво место. Оваа сезона не можеме да играме, некои како уште да не сфаќаат што се случува. Луѓе, дајте да бидеме реални, прашање е дали ќе преживемееме. Ако некој го сака проклетото Скудето нека го добие, не го кажувам тоа затоа што ние сме последни, ние сме последни затоа што заслуживме да бидеме“, изјави Челино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Федерико Киеза oд следната сезона во големиот ривал на Јувентус!?

Поради „заладените“ односи меѓу фудбалерот Федерико Киеза и тренерот Масимилијано Алегри и…