Дома Фудбал Италија Ако Сари не ја освои ЛШ, Јувентус следната сезона го носи еден од најдобрите тренери во светот

Ако Сари не ја освои ЛШ, Јувентус следната сезона го носи еден од најдобрите тренери во светот

Главната цел на Јувентус оваа сезона е да ја освои Лигата на шампиони, а доколку тоа не се случи, Маурицио Сари ќе добие отказ, тврди „Еуроспорт“.

Познатиот новинар од овој медиум, Пете Шарланд тврди дека Пеп Гвардиола сериозно размислува на крајот на сезоната да го напушти Сити и да се пресели во Јувентус.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Постои можност Гвардиола да го напушти Сити на крајот на сезоната. Го иритураат некои работи како ВАР, нестрплив е и потребна му е промена. Клуб како Јувентус е идеална средина за продолжување на неговата кариера“, смета Шарланд, кој тврди дека Сари е под голем притисок.

„Притисокот е голем. Сари мора да ја освои Лигата на шампиони, во спротивно Јувентус ќе се сврти кон Гвардиола, со кого имаше контакти уште ова лето“, додава еминентниот новинар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн преку Арсенал до полуфинале🎥

Баерн Минхен обезбеди полуфинале во Лигата на шампиони откако со минимални 1:0 славеше про…