Дома Трансфер зона Ако Сандро замине, Јувентус има решение и тоа со фудбалер кој нема да биде тешко да се доведе

Ако Сандро замине, Јувентус има решение и тоа со фудбалер кој нема да биде тешко да се доведе

alegri

Фудбалерот практично е нивни.

Со месеци наназад се шпекулираше за можноста Бразилецот Марсело да се пресели во редовите на Јувентус, но долгогодишниот член на Реал Мадрид со изјава во јавноста ги демантираше таквите најави.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Слушнав и прочитав многу работи кои немаат врска со реалноста. Некои луѓе сакаат да станат креатори на јавното мислење и исмислуваат работи кои не постојат. И понатаму сум гладен за победување со Реал, кога би се прашувал само јас сигурен сум дека би останал тука до крајот на кариерата“, изјави Марсело.

Оваа изјава воедно беше и порака до „старата дама“ да си бара нова алтернатива.

Како што пишува „Тутоспорт“, медиум кој важи за добро упатен со случувањата во Торино решение за таа позција на која клбуот сега го има Алекс Сандро е 20 годишниот, Рожерио.

Рожерио практично е играч на Јувентус, тој како позајмен фудбалер настапува во редовите на Сасуоло.

Италијанците претпоставуваат дека во случај на заминување на Сандро за кое се пишува подолго време, Јуве веднаш ќе го врати Рожерио во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Официјално: Потврдено новото засилување на Рома!

Французинот Флорен Гизолфи ќе стане нов спортски директор на Рома, објави неговиот досегаш…