Дома Трансфер зона Ако Реал ја освои Лигата на шампиони ТОЈ заминува!?

Ако Реал ја освои Лигата на шампиони ТОЈ заминува!?

Само два дена пред финалето во Лигата на шампиони, шпанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ поврзана со Реал Мадрид.

Во сабота Реал може да стане првиот клуб кој ја одбранил титулата во Лигата на шампиони, а доколку тоа се случи медиумите тврдат дека „кралевите“ ќе останат без својата ѕвезда.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Имено, доколку Реал ја освои Лигата на шампиони клубот би можел да го напушти хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ.

Искусниот плејмејкер беше еден од клучните играчи на Реал изминатите години, па доколку победи во сабота тоа за него ќе биде трет трофеј во Лигата на шампиони.

Наводно Модриќ сака да ја промени средината, а претседателот Перез нема ништо против неговото заминување. Тој смета дека сега е последен момент да заработи на неговата продажба и одлична можност за подмладување на тимот.

Шпанските медиуми тврдат дека доколку Модриќ замине од Реал ова лето тогаш „кралевите“ ќе тргнат по ѕвездата на ПСЖ, Марко Верати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер купува дефанзивец од „Олд Трафорд“

Приоритет на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, пренесуваат ит…