Долгогодишниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос не е сигурен за својата иднина на „Сантиаго Бернабеу“ и сериозно размислува да ја промени средината ова лето.
Ова денес ексклузивно го пренесе „Ел Чирингуито“, додека од „Марка“ ја потврдија информацијата и дополнуваат дека Манчестер Јунајтед и ПСЖ веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Sergio Ramos’ entourage sees him worn out. It’s not out of the question for him to leave Real Madrid. [Chiringuito] pic.twitter.com/mMUdYATfQV
— Real Madrid Info (@RMadridInfo) May 24, 2019
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Марка“ додава дека Рамос почнал да размислува за напуштање на клубот откако дошло до расправија помеѓу него и претседателот Флорентино Перез после елиминацијата од Ајакс во Лигата на шампиони.
Веднаш после објавувањето на оваа сензационална вест започна да се пишува и за тоа кој клубови би можеле да го доведат.
Клазулата во договорот на капитенот на „кралевите“ изнесува 800 милиони евра и јасно е дека таа сума ниту еден клуб нема да ја плати. Кога во прашање е неговата плата, во Реал таа изнесува 12.5 милиони евра по сезона.
Во медиумите како потенцијални дестинации на Рамос се споменуваат три клуба.
Во прв ред е Манчестер Јунајтед кој се обидуваше да го доведе во 2015 година, потоа Ливерпул (Клоп би сакал да направи тандем со Ван Дијк), а се споменува и Јувентус.
Јувентус наводно има големи шанси да го доведе поради Роналдо. Ќе потсетиме, долгогодишниот стопер на „старата дама“, Андреа Брзаљи ја одигра последна сезона.
Рамос сега го чекаат натпревари за репрезентација со Фарски Острови и Шведска после што ќе се решава неговата иднина.