Дома Трансфер зона Ако Погба заминe Јунајтед може да го замени со играч на Милан

Ако Погба заминe Јунајтед може да го замени со играч на Милан

Пол Погба е една од најголемите ѕвезди на денешницата, Францускиот фудбалер кој игра за Манчестер Јунајтед веќе неколку сезони се поврзува со Реал Мадрид и ПСЖ.

Агентот на Погба, Мино Раиола ова лето јавно изјави дека му бара нов ангажман на својот клиент. Сепак, Погба одлично започна во новата сезона и во медиумите се најавуваше нов договор со Јунајтед. Се шпекулираше дека „црвените ѓаволи“ се спремни да го направат најплатен играч во Премиер лигата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак, на „Олд Трафорд“ работат и во случај не несакано сценарио, а тоа е Погба да ја одбие нивната понуда. Како можна замена се истакнува Франк Кеси од Милан. „Калчомеркато“ пренесува дека Јунајтед подолго време го следи 24 годишниот фудбалер. Неговиот договор истекува нал ето и во Јунајтед би можел да пристигне како слободен играч.

„Газета дело Спорт“ пренесува деа Кеси бара осум милиони евра од Милан по сезона за нов договор, додека клубот му нуди шест со бонуси. Покрај Јунајтед Кеси се поврзуваше и со ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…