Дома Фудбал Англија Ако останеше Зидан, судбината на Азар ќе испишеше нова страна?!

Ако останеше Зидан, судбината на Азар ќе испишеше нова страна?!

Еден Азар можеше да биде најголема трансфер бомба летово, но до неговиот трансфер во Реал не дојде. Мадриѓаните се интересираа за Белгиецот од Челзи како замена за Роналдо, но приказната оддеднаш се стиши.

Дали Реал лесно се откажа или Челзи бараше премногу пари, не е познато. Тоа не го знае дури ниту таткото на Азар, Тјери кој го застапува како агент.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Не можам да кажам зошто не дојде до трансфер. Не затоа што нешто кријам, туку едноставно не знам. Можеби Реал се одлучи за политика на давање шанса на млади играчи“.

Најголемиот заговорник на трансферот на Азар во Реал беше Зинедин Зидан. Приказната е продолжена и по шокантното заминување на Зизу од Реал, но потоа беше прекината. Зидан е голем почитувач на квалитетот на Азар и го сметаше Белгиецот за еден од ретките играчи кои би биле засилување за Реал. Тоа посебно му се случи на Азае на кој идол му е Зидан од играчките денови и само чекаше повик од Мадрид.

„Би било поинаку ако Зидан останеше како тренер во Реал. Но, очигледно имаше причина да замине. Следното лето Еден ќе има уште една година од договорот со Челзи, но можеби никогаш нема да заигра во Реал“, истакна таткото на Азар.

Оваа порака значи и дека Азар не ја прифатил понудата на Челзи за нов договор вреден дури 300.000 фунти седмично и дека Челзи ќе биде во голем проблем следното лето ако Белгиецот не ја продолжи соработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…