Италијанецот ги изгуби конците, па Еден Азар би можел тоа да го искористи.
Соблелувалната на Челзи му го сврти грбот на Маурицио Сари, барем така тврди мадритски „АС“. Италијанецот повеќе не може да смета поддршката на играчите, а пред се од оние со поголем авторитет.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„АС“ тврди дека односот со некои од нив дури е и непоправлив.
„Играчите не ги разбираат италијанските методи и не им се прифатливи и таквата ситуација започна да се гледа и на теренот“, наведува истиот извор.
Некои од главните играчи, а пред сите Еден Азар би можел да ја искористи таквата ситуација и да го напушти клубот на крајот од сезоната. Меѓутоа тоа не би било единствениот проблем наводно заминување од клубот би можеле да побараат и уште неколку други играчи.
Засега имињата на се откриваат, но како што споменаме се наведува дека станува збор за фудбалери со поголем авторитет.
Во медиумите засега како можнен наследник на Сари се споменуваше Френк Лампард, но со последната изјава тој му даде подршка на Италијанецот.
„Ја следам ситуацијата во Челзи, тоа е така затоа што таму поминав многу време. Меѓутоа Челзи во овој момент има тренер за кого јас имам високо мислење и сигурен сум дека треба да остане. Не сум размислувал за мое враќање, сега сакам да бидам што повеќе успешен во Дерби“, гласеше изјавата на Лампард.