Тони Крос би можел да се пензионира на крајот од сезоната доколку не му биде исполнет еден услов, пренесуваат шпанските медиуми.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Крос има договор со Реал до јуни 2023 година и сите во Мадрид сакаат тој да остане. Меѓутоа тука не се доведува во прашање дали Германецот сака да оди на друго место, туку дали воопшто сака да продолжи да игра фудбал.




Новинарот Флориан Плетенберг тврди дека Крос ќе ја промени одлуката за пензија само ако постигне договор да продолжи да игра за „кралевите“.




Претседателот Перез планира да му предложи нов договор на уште една година, а ако двете страни не се договорат, тогаш Крос ќе оди во пензија.