Дома Топ вести Ако не може Нејмар, тогаш може Азар

Ако не може Нејмар, тогаш може Азар

Реал Мадрид веќе ја започна потрагата по замена за Кристиано Роналдо, а и понатаму прво име на трансфер листата е ѕвездата на ПСЖ, Нејмар.

Сепак, доброинформираната „Марка“ пренесува дека ќе биде исклучително тешко „кралевите“ да стигнат до потписот на Бразилецот, па затоа ќе се насочат кон Еден Азар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгиецот и на Светското првенство покажа дека е еден од најдобрите фудбалери на светот, игра на позицијата од Роналдо и никогаш не ја криел својата наклоност кон „кралскиот“ клуб.

Реал сака да ја продолжи традицијата на купување играчи кои блескаат на Светското првенство, а Азар неколку пати до сега јавно изјави дека би сакал да го облече дресот на Реал.

Белгиецот има договор со Челзи до 2020 година, но во неколку наврати одби да ја продолжи соработката со „сините“, што му оди во прилог на Реал Мадрид.

Притоа, Челзи оваа сезона нема да игра во Лигата на шампиони, па можно е Азар да инсистира на преселба во Мадрид, каде го гледаат како замена за Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…